УХМР објави мапа и метеоаларм за утре

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм за четврток, 27 август 2026 година, поради појава на високи температури на територијата на целата држава.

Граѓаните се предупредуваат да бидат внимателни во текот на денот, особено во периодот кога температурите ќе го достигнат својот максимум.

Се препорачува избегнување подолг престој и физички активности на отворено во најтоплиот дел од денот, како и внесување доволно течности.

Посебно внимание се препорачува за хронично болните, постарите лица, малите деца и останатите ранливи категории.

УХМР со метеоалармот ги предупредува граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури.