На 27.08.2026 во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице на (48) од охридското село Лескоец,
вработен во телекомуникациска компанија, при извршување работни задачи во селото Елшани, паднал од бандера.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршија јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

