Невреме проследено со силен ветер и дожд синоќа нешто по 20 часот го зафати Кочани и регионот. На повеќе локации во градот предизвикани се проблеми во сообраќајот и во нормалното движење на луѓето.
Градот беше без електрична енергија. Сообраќајот на магистралниот пат Кочани–Штип беше во прекин поради наноси и паднати дрвја на коловозот.
Блокирани беа неколку патни правци околу Кочани. Стопиран беше сообраќајот на излезот од градот кон Виница, поради срушени стебло од дрво и гранки непосредно после СОУ ” Гошо Викентиев”.
Исто така, булеварот „Тодосија Пунов“ во Кочани беше непрооден поради големи количини вода од дождот. На оваа сообраќајница имаше и возила кои се загалвени во водата.
Во прекин беше и сообраќајот на магистралниот пат Кочани–Делчево, на потегот од крстосницата кај Горни Подлог до Градовска крстосница.
Екипи на ТППЕ и полицијата се на терен и ги преземаат неопходните активности.
Искршени стебла и гранки се забележуваат на повеќе локации во Кочани, што дополнително отежнува било какво движење.

