Петнаесетгодишник од Виница се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосница во градот.
Според информациите од МВР, на 28 август околу 11:50 часот во ОВР Виница било пријавено дека на крстосницата од улиците „Димитар Влахов“ и „11 Октомври“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, со винички регистарски ознаки, управувано од В.М. (56) од Виница, и мопед со винички регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Виница.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Виница и ОВР Кочани.

