Силен земјотрес ја стресе Албанија – првични информации

Силен земјотрес ја стресе Албанија – првични информации

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран 35 минути по полноќ во јужниот дел на Албанија, предизвикувајќи вознемиреност меѓу жителите и туристите.

Епицентарот на потресот бил на шест километри северозападно од приморското гратче Химара, на длабочина од пет километри, а земјотресот бил почувствуван и во соседните градови.

Според досегашните информации, освен краткотрајна вознемиреност, не се пријавени повредени лица ниту материјална штета.