Педесет и седумгодишен жител на тетовското село Жилче е приведен по пријава за пукање со огнено оружје, информира полицијата.
Инцидентот се случил на 29 август, а К.Д. (57) бил лишен од слобода во 23:40 часот од полициски службеници на СВР Тетово.
При преземањето мерки, полицајците во дворот на викенд-куќа затекнале четири лица. Кај К.Д. биле пронајдени два пиштоли и поголема количина муниција, а во дворот биле забележани и траги од истрели.
Полицијата извршила алкотестирање на 57-годишникот, при што му биле измерени 1,63 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

