Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на пензиите ќе започне во вторник, 1 септември.
Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија истиот ден.
Од банката препорачуваат средствата да се користат безбедно и удобно, преку безготовинско плаќање во продавници или онлајн, како и преку подигнување готовина од банкомат.
За пензионерите кои сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 септември и во секој работен ден после тоа..
Од Комерцијална банка посочуваат дека мапата со локациите на филијалите и експозитурите е достапна на нивната веб-страница.

