Сообраќајка на патот Битола- Прилеп, информира апла.мк.
Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Битола, кај Млин „Осман“, од 05:15 часот утрово е во целосен прекин, информира Автомото сојузот на Македонија.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

