Тажна вест: Ненадејно почина познатата инфлуенсерка Кристина, мајка на шест деца – последното бебе го роди пред само неколку месеци

Ненадејно почина хрватската инфлуенсерка и блогерка Кристина Ковачевиќ Хитрец, авторка на популарната фејсбук-страница „Мамин блог“ . Ковачевиќ Хитрец беше мајка на шест деца, а последното го роди во април.

На пошироката јавност ѝ беше позната како авторка на „Мамин блог“, преку кој со години споделуваше искуства од мајчинството, семејниот живот и секојдневните проблеми со кои се соочуваат родителите.

На блогот ја следеа повеќе од 100.000 луѓе, а за својата хуманитарна активност ја доби и престижната награда „Пркос на Хрватска“ (Ponos Hrvatske).

По разорниот земјотрес во Бановина, таа активно учествуваше во организацијата на помош за настраданите, вклучително со собирање и испорака на донации. Официјален документ од Градот Златар од 2022 година ја наведува како хуманитарка која им помагала на лица во социјален ризик преку својот блог, била дел од координацијата за помош на Сисачко-мославачката жупанија и се вклучила во згрижувањето на бегалците од Украина.

Градот Златар истата година ѝ додели посебно признание за нејзината помош во акцијата „Со големо срце за топол дом“.