Вчера (31.08.2026) во 18:00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосницата кон Маврово, кај Церово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки,
управувано од И.Џ.(31) од Дорломбас, струмичко и товарно возило „ман“ со приколка со винички регистарски ознаки, управувано од М.У.(30) од Делчево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Ургентен центар Гостивар, извести полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

