Ненадејно почина Милан Колоски, колегите од општината се простуваат од него

Колегите се простуваат од Милан Колоски: Ненадејно почина, зад себе остави неизбришлива трага

Со голема тага и жалење, Општина Кисела Вода ја прими веста за ненадејната смрт на својот колега Милан Колоски.

Од Општината велат дека Милан бил посветен професионалец, ценет соработник, но пред сè добар човек, кој со својата работа и ангажман оставил неизбришлива трага во секојдневното функционирање на Општина Кисела Вода.

Неговите колеги ќе го паметат по професионалноста, ведриот дух и колегијалноста, особини кои, како што велат, засекогаш ќе останат во нивното сеќавање.

„Милан беше посветен професионалец, ценет соработник и пред сè, добар човек кој остави неизбришлив траг во секојдневното функционирање на Општина Кисела Вода. Неговиот придонес, ведар дух и колегијалност засекогаш ќе останат во нашето сеќавање“, се наведува во објавата на Општина Кисела Вода.

Градоначалникот, раководството и сите вработени во Општина Кисела Вода изразија најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Милан Колоски.

„Почивај во мир, драг колега“, порачаа неговите колеги.