Корисниците на правата од социјална, детска и цивилна заштита од денеска можат да располагаат со средствата за август 2026 година, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади.
За корисниците кои поседуваат дебитна картичка, средствата се достапни за подигнување на банкоматите, но и за безготовинско плаќање во продажната мрежа.
Тие можат да ги користат средствата и преку електронско и мобилно банкарство.
Од Министерството посочуваат дека исплатата е достапна и за граѓаните кои не користат платежни картички. Тие своите средства можат да ги подигнат од денеска во сите отворени филијали и експозитури на банките.
Исплатата се однесува на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.

