Полицијата во Пехчево расчистува случај во кој биле инволвирани две жени и еден маж, откако биле пријавени повеќе физички напади.
Според МВР, 68-годишна пехчевка пријавила дека во нејзиниот дом седела и разговарала со 43-годишен маж, кога дошла неговата 37-годишна сопруга и физички ја нападнала.
Подоцна, 43-годишникот физички ја нападнал својата сопруга, која исто така го пријавила случајот во полиција.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

