ПРВИ СНИМКИ: Попладнево тешка сообраќајна несреќа – има повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот кон граничниот премин Блаце, при што, според првичните информации, има и повредени лица пренесува 24инфо.

Во сообраќајката учествувале повеќе возила – два автомобили „голф“, возило БЈД и товарно возило – шлепер.

На фотографиите од местото може да се забележат сериозно оштетени автомобили, активирани воздушни перничиња и делови од возилата расфрлани по коловозот.

Несреќата предизвика сериозни проблеми во сообраќајот и долги колони возила на патот кон македонско-косовската граница.

Во моментов сообраќајот кон Косово се одвива само по една сообраќајна лента, додека возилата кои доаѓаат од Косово во правец кон Скопје се пренасочуваат по селски пат.