ТАЖНА ВЕСТ: По долго боледување почина Фросина Илиоска

Тажна вест пристигна од Велика Британија. По долго боледување и тешка борба со болеста, почина Фросина Илиоска (Francina Franci Ilioska), долгогодишна членка на македонската православна црковна заедница во Лондон.

Веста за нејзината смрт ја соопшти Македонската православна црковна општина „Св. Архангел Михаил и сите свети Ангели“ во Лондон.

Од црковната заедница наведуваат дека Илиоска била нивна долгогодишна членка и дека зад себе оставила спомени кај луѓето кои ја познавале и со кои била дел од заедницата.

„Замина при Господа каде што нема тага, жал и воздишка, а најмногу големите телесни болки“, се наведува во објавата.

Заупокоена литургија е најавена за 19 септември во храмот посветен на Света Катерина Египетска во Литлхамптон, а следниот ден, на 20 септември, богослужба ќе се одржи и во МПЦО „Св. Архангел Михаил“ во Сохо, Лондон.

Од македонската црковна заедница ги повикаа верниците да се помолат за покој на нејзината душа.