Сообраќајот на патниот правец Битола–Прилеп е во целосен прекин поради сообраќајна незгода во која учествувал товарен камион.
Според првичните информации, камионот излетал од коловозот, по што е оневозможено нормалното одвивање на сообраќајот во двата правци.
Екипите на надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот и создавање услови за повторно воспоставување на сообраќајот.
На возачите им се препорачува да го избегнуваат овој патен правец и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација до целосно нормализирање на состојбата.
Повеќе информации за причините и околностите за сообраќајната незгода се очекуваат во текот на денот.

