Граѓаните во шок: Од полноќ големо зголемување на цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,89% во однос на одлуката од 31.8.2026 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,591 ден/кг и сега ќе изнесува 46,001 ден/кг.

Од 8.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 97,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 99,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,001 (денари/килограм)