48-годишен скопјанец синоќа по полноќ бил повреден со огнено оружје на влезот во селото Арачиново.
Според полицијата, околу 1:50 часот, лице што тој го познавал, а кое било во автомобил заедно со уште едно лице, пукало со огнено оружје кон него.
Повредениот бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Се претпоставува дека повреденото лице е пејачот Азиз Мурати.
„На 8.9.2026 година, околу 1:50 часот, во СВР Скопје од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен А.М. (48) од Скопје, со повреди здобиени од огнено оружје.
Според пријавеното, тој бил повреден на влезот во селото Арачиново, Скопје, откако од возило лице што тој го познавал, а кое било во друштво на уште едно лице, пукало со огнено оружје кон него“, соопшти МВР.

