Застреланиот во Арачиново е пејач од Скопје

Албанскиот пејач Азиз Мурати (48) е застреланиот со огнено оружје на влезот во селото Арачиново, во близина на Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера рано утрината во 01:50 часот, во СВР Скопје е пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесен А.М.(48) од Скопје, со повреди од огнено оружје.

Според пријавата, Мурати е ранет на влезот во Арачиново, откако во него пукало лице од возило – лице што го познавал од претходно и кое било во друштво со уште едно лице.

Од МВР наведуваат дека се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.

Според последните информации, неговата здравствена состојба е стабилна.