По Ана Бекута, уште еден пејач стави крај на соработката со „Гранд“

Бранот заминувања продолжува: По Ана Бекута, уште еден познат пејач стави крај на 10-годишната соработка со „Гранд“!

Познатиот фолк-пејач и Гранд ѕвезда, Ненад Манојловиќ, донесе одлука да ја прекине децениската соработка со „Гранд продукција“ и да започне целосно ново поглавје во својата кариера.

По десет години поминати под закрилата на познатата куќа, пејачот реши да направи промена и да премине во дигиталната мрежа EMDC Network. Новиот тим со кој тој реши да соработува ќе биде задолжен за администрација на неговиот Јутјуб канал, како и за дигитална дистрибуција на неговата музика на сите водечки стриминг платформи.

Оваа голема промена во кариерата на Манојловиќ доаѓа во период кога тој интензивно работи на својот прв студиски албум.

Иако го промени тимот за дигитална дистрибуција, Ненад остана верен на дел од своите долгогодишни соработници, па така на новиот материјал повторно соработува со Петар Стокановиќ, авторот на неговиот голем хит „Ти мени, ја теби“.

Инаку, професионалните промени следат кратко по убавите вести во неговиот приватен живот.

Ова заминување е само едно во низата кои деновиве ја потресоа „Гранд продукција“.

Имено, само еден ден претходно беше објавено дека и фолк-легендата Ана Бекута го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“ по 12 години менторство, со цел да му се посвети на новиот албум и концертните активности, а на нејзино место доаѓа колешката Сања Вучиќ.