НАЈНОВА ВЕСТ: Стевче Јакимовски излегува од затвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја укина правосилната пресуда против Стевчо Јакимовски од Скопје и предметот го врати на повторно постапување и одлучување.

Одлуката ја донел Советот за казниви дела при Врховниот суд на седницата одржана на 9 септември 2026 година, постапувајќи по предметот заведен под број КВП, КОК2-18/26.

Како што е наведено во одлуката, Советот го уважил барањето на осудениот Стевчо Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку неговиот бранител, адвокатот Виктор Цветковски од Куманово.

Со пресудата на Врховниот суд се укинуваат:

пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК-157/21 од 23 април 2025 година;
пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-110/25 од 15 мај 2026 година.
Предметот сега се враќа пред првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

Тоа значи дека досегашните правосилни одлуки се укинати и случајот повторно ќе се разгледува во судска постапка.

Одлуката на Врховниот суд е донесена еден ден пред објавувањето на информацијата, односно на 9 септември, а е објавена на 10 септември 2026 година.