Голема акција на МВР, се вршат претреси на дваесетина локации

Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден спроведува координирана акција со претреси на дваесетина локации, неофицијално дознава „Скопје1“.

Според информациите до кои дојде Скопје 1, акцијата е поврзана со сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

Полициските активности се спроведуваат на повеќе локации, а целта е расчистување на случаите и обезбедување материјални докази кои би биле користени во понатамошната постапка.

Засега нема официјални информации дали во рамки на акцијата има приведени или осомничени лица, ниту за точниот број на претреси и опфатот на истрагата.