ТРАГЕДИЈА: Возило излета од патот – едно лице загина

Вчера во 14:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучка за с.Дорфулија, општина Лозово, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(47) од Куманово, излетало од патот.

– Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Т.С.(44) од Куманово, констатирани во Клиничка болница Велес, информираа од МВР. 

Полицијата соопшти дека е извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.