Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна синоќа на патот Кичево-Гостивар, на потегот меѓу каменоломите во близина на Гостивар и градот, а патот беше целосно затворен.
Според информаците од полицајците кои го обезбедуваа патот, во несреќата има загинати и повредени луѓе.
Возачите кои се најдоа на патот околу полноќ во насока од Стража кон Гостивар беа пренасочувани на локални патишта во Гостиварско, а додека траеше увидот, патот беше затворен подолго време.
Засега нема официјални информации од МВР за несреќата.

