Големи промени во Ѕвездите на Гранд – по заминувањето на Ана ново изненадување за гледачите?

Познатата пејачка прв пат во јавноста по одлуката да го напушти популарното музичко шоу

Познатата фолк-пејачка Ана Бекута за првпат се појави во јавноста откако одекна веста дека по цели 12 години се повлекува од жирито на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Појавувајќи се на концертот на својот колега Драган Којиќ-Кеба, Бекута за првпат отворено проговори за причините зад ваквата шокантна одлука и откри што точно се случувало на разговорот со челниците на „Гранд“.

„Мене не ме растажи таа вест, едноставно сакам малку да се одморам! Сè уште не сум излегла од нашата заедничка група, тоа ќе го сторам кога ќе почнат снимањата. Снимањата ми одземаа премногу од слободното време, а сега сакам да ѝ се посветам на мојата кариера на еден поинаков начин – да снимам нови песни и да организирам турнеја“, изјави искрено пејачката пред медиумите.

Музичкиот директор Александар Милиќ Мили пристигна на снимањето одлично расположен и најави дека ова нема да биде единствената промена што беше големо изненадување за сите. Во врска со шпекулациите дали продукцијата постигнала договор за учество на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, Мили само мистериозно се насмеа и пред претставвиците на седмата сила го изјави следново:

„Не можам ништо однапред да кажам… Мислам дека ќе има уште промени, а за некои не знам ни јас самиот, така што сите ќе се изненадиме!“, изјави Мили, пренесе српскиот Блиц.