Кривична пријава за поранешен градоначалник

Нова кривична пријава е поднесена против градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата.

Тој е пријавен за кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

Кривичната пријава е резултат на постапување на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, по наредба издадена од Основното јавно обвинителство Скопје.

Освен Јакимовски, кривично е пријавена и Благица Блажевска, раководителка на Секторот за урбанизам во Општина Карпош, за четири кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“, како и Симона Серафимовска Ѓуреска, вработена во истиот сектор, за две кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Скопје1