Трагедија го потресе регионот: Почина познатата актерка

На 76-годишна возраст почина познатата српска театарска и филмска актерка Катица Жели, а тажната вест ја соопшти Народниот театар во Сомбор.

Актерката е родена на 13 јуни 1950 година во Жабаљ. Драмската уметност ја изучувала во Драмското студио во Нови Сад, во класата на професорот Дејан Мијач.

Во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век била првенка на драмата во Народниот театар во Сомбор, каде што оставила значаен белег со бројните театарски улоги.

Во својата богата кариера добила голем број признанија, а на само 25 години ја освоила престижната Стеријина награда за актерско остварување во 1976 година.

Наградата ја добила за улогата на девојката во претставата „Женидба и удадба“ од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Дејан Мијач. Претставата имала повеќе од 250 изведби.

Нејзината прва улога во Народниот театар во Сомбор била Пипи Долгиот Чорап во истоимената претстава, според романот на Астрид Линдгрен, во режија на Никола Пеце Петровиќ.

Публиката ја памети и по бројните улоги во претставите „Мизантроп“, „Леда“, „Протекција“, „Дамата од Максим“, „Квадратура на кругот“, „Плавата птица“, „Женидба и удадба“, „Мирандолина“, „Стаклена менажерија“, „Војцек“, „Андра и Љубица“, „Капетан Џон Пиплфокс“, „Избирачка“, „Чудо во Шарган“ и многу други.

Во средината на осумдесеттите години станала слободен драмски уметник.

Покрај театарот, остварила и бројни филмски и телевизиски улоги. Меѓу филмовите во кои настапувала се „Кучето што ги сакаше возовите“, „Вариола вера“, „Балкан експрес“, „Народен пратеник“ и „Професионалец“.

Играла и на други театри и сцени во Војводина, а во Белград настапувала во Театарот на Теразије и во Атeље 212.

Со својата долгогодишна работа и бројните улоги оставила значаен белег во српскиот театар и филм, а веста за нејзината смрт е пречекана со голема тага во уметничките кругови.