Бидете подготвени – следува голема промена на времето

Утре времето ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, стабилното време ќе се задржи до сабота.

Во недела и понеделник се очекува зголемување на нестабилноста, со повремени врнежи од дожд, а на места се можни пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Позначителна промена се очекува од вторник. Со продорот на постуден воздух од север, дневните температури ќе започнат да опаѓаат, што ќе донесе вистински пресврт во временските услови.

Тоа значи дека викендот сè уште ќе има периоди погодни за активности на отворено, но од почетокот на следната недела треба да се подготвиме за постудени денови и да ја извадиме потоплата облека.