Славчо Поповски објави мапа и испрати предупредување за денешниот ден

Целата територија на Македонија денес, недела (20 септември) ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради високите температури на воздухот за овој период од годината,

но и поради појавата на локална нестабилност над целата територија на Македонија, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално воформа на невреме со засилен ветер и со појава на град.

Поради влијанието на топлата воздушна маса која од југ продира во Македонија температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, а во Скопје и околината исто така максималната температура денес ќе се искачи до околу 32 степени.

И во Скопје и околината ќе има услови за локален дожд, како и со услови за развој на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.