Две девојки од Сараево на возраст од 20 години загинаа доцна синоќа во тешка несреќа што се случила во градот Брадина на автопатот М17, откако со кола паднале во провалија, пренесува Кликс. Според информациите, во несреќата повредени се уште три лица.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека несреќата се случила пред полноќ, во 23:45 часот, при што А.Б. (2006) од Илиџа, управувајќи возило „Голф“, паднал во клисура. Загинале патничките А.М. (2006) од Сараево и Н.З. (2006) од Сараево, додека возачот А.Б. се здобил со тешки телесни повреди.
Повредени се и сопатниците А.Ј. (2006) од Илиџа и Д.Д. (2006) од Сараево, но степенот на повредите е непознат.
Тие добиле медицинска помош во Општата болница Коњиц, по што биле префрлени во КУМ Сараево на понатамошно лекување.
Телата на починатите се пренесени во Градската мртовечница во Коњиц.
Надлежниот обвинител е запознаен со овој случај и по истрагата се преземени сите потребни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи на ХНК.

