Светскиот пазар на нафта повторно е во фокусот откако цените утрово се зголемија по четири последователни сесии на пад.
Brent повторно се движи над границата од 100 долари за барел, додека инвеститорите внимателно ги следат сигналите за можни американско-ирански разговори.
Ситуацијата изгледа парадоксално.
Од една страна постои можност за дипломатски напредок меѓу Вашингтон и Техеран, што во нормални услови би требало да го намалува геополитичкиот ризик.
Од друга страна, физичкиот пазар останува под силен притисок поради проблемите на Блискиот Исток и прекините во снабдувањето.
Особено внимание привлекува Саудиска Арабија.
По нападот врз клучниот нафтовод, Saudi Aramco драматично ги зголеми товарењата на сурова нафта од терминалите во Персискиот Залив. Само во неделата биле натоварени околу 14 милиони барели на седум супертанкери, покажуваат податоците за транспорт што ги анализира Reuters.
Тоа покажува колку брзо Саудиска Арабија се обидува да ги пренасочи извозните текови.
Истовремено, нападите на Хутите и пошироката регионална нестабилност ја зголемуваат премијата за ризик.
За светската економија, границата од 100 долари е психолошки и економски важна.
Ако цената остане висока подолг период, поскапува транспортот, производството и храната, а централните банки добиваат дополнителен инфлациски проблем.
Токму затоа секоја информација од евентуалните американско-ирански контакти може да предизвика големи движења на берзите.

