ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Изгоре куќа, во една од собите е најдено безживотно тело

Фото: Илустрација

Пожар вчера избувнал во куќа во валандовското село Пирава, а при гаснењето во една од собите било пронајдено безживотно тело.

„На 21.09.2026 околу 17:55 часот во Полициска станица Валандово е пријавено дека настанал пожар во ќука во с.Пирава, Валандовско.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Валандово, при што било констатирано дека при гасење на пожарот во една од собите е пронајдено безживотното тело на Е.О.(69) од тоа село.

Од екипа на Итна медицинска помош Валандово е констатирана смрт, а за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија“, соопшти полицијата.