Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврди дека во тек е координирана акција под кодно име „Филтер 2“,
која под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција ја спроведуваат Царинската управа и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР-БЈБ.
Акцијата е резултат на криминалистичка истрага поради постоење основано сомнение за сторени повеќе кривични дела, меѓу кои Криумчарење и Царинска измама при што е предизвикана штета на државниот буџет од големи размери.
По завршување на активностите, од Обвинителството најавуваат дополнителни информации.

