Цените на нафтата на меѓународните пазари во четвртокот се искачија кон 106 долари за барел, поттикнати од разочарувањето на трговците поради индиректните разговори меѓу САД и Иран за прекин на конфликтот, што може да го овозможи нормализирање на испораките преку Хормускиот теснец.
На лондонскиот пазар, барелот нафта поскапе за 2,81 долари во однос на вчерашното затворање од 105,89 долари, а на американскиот пазар цената се зголеми за 2,55 долари, достигнувајќи 94,71 долари за барел.
Одделни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОРЕС) покажуваат дека во средата барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки поевтинел за 1,50 долари и изнесувал 107,69 долари.
Трговските пазари ја следеа комуникацијата меѓу Вашингтон и Техеран на Генералното собрание на Обединетите нации во обид да проценат евентуално приближување за решавање на конфликтот.

