Повеќе лица се приведени во акција што на повеќе локации во Скопје ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Акцијата се спроведува под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Приведените лица се сомничат за сторени кривични дела од областа на тероризмот.
Од ОЈО ГОКК најавуваат подетални информации по завршувањето на акцијата на безбедносните служби.
Во меѓувреме, дел од медиумите, повикувајќи се на неофицијални информации од извори во безбедносните служби, објавија дека наводно станува збор за група од околу пет лица, кои се занимавале со лихварство, индоктринација и поттикнување тероризам.
Официјални детали за акцијата и за осомничените се очекуваат од надлежното обвинителство по нејзиното завршување.

