„Луѓе помагајте, ми изгоре душава“: Маријан Стојаноски скршен од болка

Денес во 13 часот на гробиштата во Крушево-Гумење ќе биде погребан Петар, синчето на пејачот Марјан Стојановски, кој почина во неделата, а кој имше само пет години.

Трагичната вест за смртта на малиот Петар сите ги потресе, а најмногу семејството,кое не може да се соземе од болка.

Маријан вчера објави некролог, на кој го објаави часот на погребот на детенцето и напиша дека Петар починал ненадејно.

Колку е голема болката на ова семејство покжа и пртходно со потресни зборови барајќи помош од луѓето.

-Ме пече душава од силен оган. Многу ме пече. Луѓе помагајте, ми изгоре душата силно. Каков е овој оган што ме гори, напиша тој скршен од болка.

Почивај во мир, ангелу…