Од 1 јануари 25.000 помалку работни визи за Балканот – германскиот градежен сектор алармира!
Германската влада планира од 1 јануари 2027 година драстично да ги промени правилата за вработување на работници од Западен Балкан и да ја преполови годишната квота за издавање визи. Наместо досегашните 50.000, се планира да се издаваат само 25.000 одобренија годишно.
Според важечкото т.н. „Правило за Западен Балкан“, граѓаните на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово можат да се вработат во Германија со поседување на валиден работен договор, дури и за позиции за кои не е потребна формална квалификација.
Но, како дел од новиот реформски пакет од 34 точки на владејачката коалиција (CDU/CSU и SPD), се предвидува кратење на оваа квота за половина.
Како основна причина за оваа одлука, германската влада ја наведува растечката стапка на невработеност во нивната земја.

