32-годишен мопедист од Сопиште е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосница во центарот на Скопје.
– На 29.09.2026 во 21:57 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул. „Св. Климент Охридски“, ул. „Св. Кирил и Методиј“ и бул. „Водњанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу
патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(68) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(32) од село Сопиште, скопско, информираа од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мопедистот А.М., кои му биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

