Видео: Ирецот прими топка на 40 метри – погледнете го неверојатниот погодок

Трој Парот продолжува со фантастичната голгетерска серија во дресот на Ирска. Напаѓачот на Реал Бетис ја доведе својата репрезентација во водство од 1:0 против Австрија во 12. минута од натпреварот во Лигата на нациите.

Парот ја прими топката на околу 35-40 метри од противничкиот гол, а потоа сам тргна кон австриската одбрана.

Иако пред себе имаше тројца противнички фудбалери, ирскиот напаѓач не се двоумеше и продолжи директно кон голот. На еден му ја протна топката низ нозете, вториот го измами со одлична финта, а потоа акцијата ја круниса со мајсторски погодок низ нозете на австрискиот голман.

Вистинска голчиште и акција која вреди да се погледне повеќе пати!

Голот погледнете го ТУКА