УЖАС: Избодено 34-годишно момче – итно пренесено во болница

Скопјанец на 34-годишна возраст синоќа бил избоден со остар предмет и завршил во болница, за „Слободен печат“ потврди Министерството за внатрешни работи (МВР).

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 1 октомври во 19:30 часот, откако од болницата „Св. Наум Охридски“ информирале дека кај нив бил донесен Н.С. (34) од Скопје со повреди од остар предмет.

Полицијата презема мерки за да утврди што точно се случило.