Полицијата во акција – приведени повеќе лица

Фото: Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, деветмина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Д.(26) од Скопје, М.Б.(29) од с.Црн Врв, скопско, М.П.(18) од с.Мршевци, скопско, 15-годишник од с.Студеничани, скопско, Н.Б.(48) од Битола, А.А.(44) од Битола, И.К.(51) од с.Виничани, Општина Градско, 16-годишник од Велес и Љ.М.(61) од с.Стамер, делчевско.

Со активна забрана и под дејство на алкохол управувале Б.Б.(60) од с.Зајас, кичевско и М.М.(37) од Велес. Додека пак, под дејство на алкохол управувал Љ.Џ.(48) од с.Разловци, делчевско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.