Следува голема промена на времето – Славчо Попоски утрово со најнова прогноза

Во петок (9 октомври) како и за време на викендот (сабота и недела 10/11 октомври) територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џенова и на влажни воздушни бранови кои ќе донесат поголема промена на временската состојба кај нас.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни, особено во западните предели каде локално ќе наврне позначително количество на дожд (над 30 литри на метар квадратен дожд).

Локално пак ќе има услови и за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни.

Сепак и покрај ова , температурите остануваат релативно високи и без некои поголеми промени, освен минималните температури кои ќе бележат промени, односно истите поради облачноста ќе бидат во пораст.

Метео прогноза на Славчо Попоски