Тешка сообраќајка – има повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на регионалниот пат Куманово–Свети Николе, во населбата „Перо Чичо“, при што тешко е повреден 49-годишен мотоциклист.

„На 06.10.2026 околу 18:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Перо Чичо, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(29) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.К.(49) од Куманово“, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека 29-годишната С.С. била повредена и се здобила со телесни повреди.

Повредите кај двајцата биле констатирани во Општата болница Куманово.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.