Полицијата на нозе: Исчезна 18-годишна девојка

Во СВР Битола е пријавено исчезнување на 18-годишна девојка од Белгија, која престојувала во селото Лавци, битолско.

Случајот бил пријавен на 6 октомври во 22:00 часот од 81-годишната А.П. од Белгија, која има привремен престој во Лавци.

Таа пријавила дека нејзината 18-годишна внука заминала од домот во селото и не се вратила до моментот на пријавувањето.

Од СВР Битола се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката.