Утрово сообраќајка на автопат – првични информации

Сообраќајна несреќа се случила денеска на автопатот Скопје – Тетово, во близина на првата наплатна рампа.

Според првичните информации, на местото на несреќата се присутни полициски екипи, а сообраќајот во овој дел од автопатот се одвива отежнато.

Засега нема официјални информации за бројот на возила и учесници во несреќата, ниту за евентуално повредени лица. Не се познати ниту причините поради кои дошло до сообраќајката.

Се очекува повеќе детали да бидат соопштени по завршувањето на увидот од страна на надлежните служби.

Возачите кои се движат по оваа делница се повикуваат на зголемено внимание и прилагодување на брзината кон условите на патот.