ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ДОЖД, ВЕТЕР И ГРМЕЖИ

Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

Прогноза за 10.10.2026
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 19°C до 27°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат со поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 11.10.2026
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 12.10.2026
Минимална температура: 2°C до 12°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.