ТАЖНА ВЕСТ го потресе регионот: Почина легендарниот рок музичар и фронтмен

Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок-музичари и фронтмен на култниот бенд „Мајке“, почина на 62-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврдија извори блиски до него.

Членовите на бендот денес, околу 13:00 часот, го пронајдоа безживотното тело на Баре во неговиот стан. Членовите на „Мајке“, Марио Рашиќ и Ален Тибљаш, за „Вечерњи“ изјавија дека последните пет години се обидувале да го убедат да побара лекување за своите здравствени проблеми, но без успех.

Баре беше една од најважните и највпечатливите фигури на хрватската рок-сцена. Како главен вокал и автор на песни во групата „Мајке“, тој остави траен белег со песни како „Teške boje“, „Mene ne zanima“, „Vrijeme je da se krene“ и „Budi ponosan“.

Неговата кариера ја одбележаа моќни настапи во живо, впечатлив глас и бескомпромисен пристап кон музиката, како и тешките лични битки за кои отворено зборуваше.

Кон крајот на септември, на Баре му се слоши за време на настап во Макарска, поради што концертот беше прекинат уште при изведбата на првата песна. Групата потоа најави двoмесечна пауза за да му овозможи на Баре време за одмор и закрепнување.