Тешка сообраќајка – млада девојка итно пренесена во болница

На 10.10.2026 во СВР Велес е пријавено дека на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, 21-годишната К.Ѓ. од Велес, управувајќи мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки,

изгубила контрола, излегла надвор од коловозот и паднала, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.