Вонредна ситуација во Македонија: Исчезнаа мајка и нејзината 5-годишна ќерка

Во охридската полиција е пријавено исчезнување на жена која се оддалечила заедно со својата петгодишна ќерка, по што станала недостапна за сопругот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 10 октомври 2026 година, 39-годишниот А.А. од Охрид пријавил во СВР Охрид дека неговата сопруга А.А., со која се наоѓале во бракоразводна постапка, се оддалечила заедно со нивното петгодишно девојче.

Како што навел пријавителот, по заминувањето сопругата била недостапна.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на жената.

Засега не се соопштени дополнителни информации за околностите на случајот.