Синоќа во меч од 8.коло во Ла Лига, Валенсија како гостин одигра 2:2 против домашниот состав на Расинг Сантандер.
Столе Димитриевски иако прими гол, сепак и тоа како беше на висина на својата задача, посебно во финишот на средбата кога успеа со фантастична одбрана да го спаси својот тим од пораз.
Пабло Гарсија испрати вистинска “бомба“ под пречката на гостите, ама Македонецот покажа зошто е еден од најдобрите голмани во Ла Лига.
По мечот, токму играчот на домашниот тим му честиташе на Столе Димитриевски за одбраната со која ја спаси својата Валенсија од пораз.
Погледнете и уживајте:
🫣 @10Pablogarciia x @realracingclub
— LALIGA (@LaLiga) October 11, 2026
RacingValencia | LALIGAHighlights pic.twitter.com/LeWS8pOaGE

